САД ќе воведат серија значајни санкции кон Москва во петок по смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во руски затвор, соопшти денеска Белата куќа.
„На иницијатива на претседателот (Џо) Бајден, во петок ќе објавиме пакет значајни санкции кои ќе ја одразат одговорноста на Русија за она што му се случи на Навални“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Тој не даде детали за санкциите или како тие ќе бидат зајакнати покрај веќе строгите санкции наметнати од САД и нивните сојузници против Русија како одговор на нивната инвазија на Украина.
Кирби истакнал дека санкциите, кои ќе бидат објавени за да се совпаднат со втората годишнина од почетокот на руската инвазија, ќе бидат особено засилени со дополнителни санкции поврзани со смртта на Навални.
Кирби порачал дека САД не утврдиле како починал Навални, но вели дека крајната одговорност е кај рускиот претседател Владимир Путин.
„Без разлика на научниот одговор, Путин е одговорен за тоа“, изјавил Кирби пред новинарите.
Навални (47) почина во петокот во казнена колонија во арктичката област во Русија. Таму отслужуваше казна од 19 години.