Орданоски: Добри две третини од руското општество го сака начинот на којшто владее Путин во што спаѓа и елиминација на противници

од Nikola Popovski
303 прегледи

„Би сакал да прочитам една статистика за да знаеме во која фаза се рејтинзите на политичарите ширум светот. Од демократските земји, на Рендра му оди во Индија и има 77 отсто поддршка, којшто е националист, којшто е тргнат во многу опасни антиисламистички, тоа страшно ескалираше во Индија во последните 4-5 години. Војната со Пакистан се уште трае. Меѓутоа, во самата Индија се случува драматички политички развој во смисла на национализам. Донал Туск има 50% поддршка во Полска. Тој така и победи“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат.

Тој додаде дека Антони Албанези во Австралија 45% поддршка, во Италија Џорџа Мелони 44%, Педро Санчез од Шпанија 38%, Бајден во моментот има 37% за кој мисли дека ќе го зголеми рејтингот, Џастин Трудо во Канада 35%. Во европските земји, Швеѓанецот Kристенсен 33% поддршка, Сунак во Британија има 27 отсто, додека Макрон има 24 отсто. Шолц 20% подддршка. Путин има 85 отсто поддршка.

„Русите го сакаат Путин, го сакаат начинот на којшто тој владее. Добри две третини од руското општество го сака начинот на којшто владее Путин во што спаѓа и елиминација на противници. Па дали е тоа Пригожин, на кој му го сруши авионот или ќе го отруе Навални“, заклучи Орданоски.

Слични содржини