Двојно убиство во кумановско, застрелани три лица

од Nikola Popovski
333 прегледи

МВР информира дека денеска во кумановско се случило двојно убиство, при што пензионер ја усмртил својата сестра и еден од нејзините синови.

-На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38), информираат од СВР Куманово.

Според информациите, 63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место, додека Ж.Р.со повреди е пренесен во општата болница Куманово.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини