Груби: Албанската опозиција е целосно ставена во служба на ВМРО-ДПМНЕ

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Вицепремиерот Артан Груби за албанската ТВ А2 Си-Ен-Ен изјавил дека речиси сите албански опозиционери во Северна Македонија се излезени од ДУИ, а сега „се целосно ставени во служба на македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ“.

„Во т.н. албанска опозиција сите се произлезени од ДУИ, односно се поранешни колеги, кои сега не завршија никаде затоа што сакаа да бидат основачи на политички партии без да имаат способност да ги водат, па не се застапени ни со пратеници во парламентот“, наведе Груби.

Оценил дека „она што ги следеше досега ќе продолжи и понатаму“.

„Тие се обединија, но овој нивен сојуз дојде поради сопствениот недостиг на лидерство. Од ДУИ секогаш баравме обединување за да не се дели албанскиот глас, но во моментов тие делуваат во служба на ВМРО-ДПМНЕ“, рекол Груби.

Слични содржини