587
На денешната седница на Советот на општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски излезе со одредени информации дека вработениот во МВР кој викендов нападнал колега и кој истовремено беше обезбедување на Христијан Мицкоски, Ивица Б. учествувал во палање на имот на една приватна компанија.
„Со основи на сомневање зборувам дека овој сега што ви е во притвор, обезбедувањето на Христијан, кој го истепа нашиот советник, Александар, има индиции дека тој со другарите, преку Лепенц, му влегоа на човекот и му ги запалија бетонерките, четири миксери за бетон му запалија“, наведе Јакимовски во реплика на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.