289
Можеме и ќе победиме на европските парламентарни избори, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на состанокот на владејачката парламентарна група на Демохристијаните Фидес во Балатоналмади, во западна Унгарија.
„На Брисел му требаат промени“, истакна Орбан, додавајќи дека Унгарија ќе биде казнета со новиот миграциски пакт на Европската унија доколку не е подготвена да прифати мигранти.
Тој посочи дека војната во Украина нема наскоро да заврши, додека Европа се повеќе е оптеретена поради намалувањето на американската помош, пренесе МТИ.