237
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел би сакал да го преземе Манчестер Јунајтед, пренесе „Kicker“. Според изворот, на стручњакот му се допаѓаат финансиските можности на Англичаните, традициите на клубот и брендот воопшто.
Сепак, Германецот размислува за опција да се врати во Англија дури откако ќе ја прекине работата со Баварците.
Во среда, 21 февруари, Баерн објави дека Тухел ќе го напушти своето место по крајот на сезоната. Тимот од Минхен на последните натпревари претрпе три последователни порази, загуби од Баер Леверкузен (0:3), Лацио (0:1) и Бохум (2:3).
Тухел го презеде Баерн во март 2023. Претходно беше тренер на Челси, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц 05.