Регистрирани 57 случаи на голема кашлица во Скопје

од Nikola Popovski
269 прегледи

Евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица сезонава во Скопје. Од Центарот за јавно здравје информираат дека засега нема регистрирано мали сипаници и овие податоци се заклучно со 22 февруари.

Во меѓувреме се зголемува интересот за вакцинација против пертусис, народски позната како голема или магарешка кашлица. Од 18-ти јануари до 14-ти февруари се вакцинирани над 13 илјади деца, што е солиден одзив според Комисијата за заразни болести и релативно се задоволни, но потенцираат дека работата не е завршена бидејќи има илјадници деца кои требало да се вакцинираат.

Во однос на тоа дали возрасните треба да се ревакцинираат, претседателот на КЗБ, д-р Александар Петличковски пред два дена рече дека болеста пертусис за возрасни луѓе не е тешка болест, за неа има достапен лек и нема потреба од страв.

Додаде дека вакцините обезбедуваат имунитет што трае меѓу пет и десет години и е многу солиден, и поентата на вакцинирањето е да се преброди критичниот период на возраст за оваа болест.

Според Петличковски, заразноста не е долга и трае неколку дена, а инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден.

Слични содржини