Тошковски: Албанија има разбирање за проблемите на Македонија со личните документи

од Nikola Popovski
359 прегледи

Денеска (23.02.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Албанија Н.Е. Фатос Река.

На средбата министерот Тошковски се заблагодари за целокупната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи и особено со амбасадата на Република Албанија. Особена благодарност министерот Тошковски упати за разбирањето што Република Албанија го има во однос на проблемот со личните документи. Амбасадорот Река исто така се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во борбата против организираниот криминал, граничното работење и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина, особено на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев исто така се заблагодари за досегашната соработка со Република Албанија со заеднички акции во делот на недозволена трговија со дрога, а особена благодарност упати за одличната организација и пречек за време на одржувањето на Берлинскиот процес во Тирана. Особена благодарност упати и за потпишувањето на Договорот за соработка во областа на културата, со кој од Република Албанија беа предадени голем број украдени икони.

Слични содржини