Јармиш: Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Руските власти ѝ дадоа рок од три часа на мајката на Навални да се согласи на приватен погреб, изјави портпаролката на починатиот руски опозициски лидер, Кира Јармиш.

„Руските власти ѝ дадоа рок од три часа на мајката на Алексеј Навални да се согласи на приватен погреб. Во спротивно, телото на опозицискиот лидер ќе биде погребано во казнената колонија каде што почина пред една недела“, изјави денеска Јармиш.

Таа додаде дека Људмила Навални го отфрлила ултиматумот и продолжува да инсистира да ѝ биде предадено телото на нејзиниот син.

Слични содржини