Со засадување дабови дрвја, Град Скопје ја најавува големата еколошка акција за пошумување на парк-шумата Водно

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Градоначалничката Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавни претпријатија, со засадување дабови дрвја, ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк-шумата Водно.

Акцијата, со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници, ќе продолжи до крајот на месец март, информираа од Град Скопје.

„На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата од видот костен, даб, јасен и габер, додека во рамките на пошумените делови на планината, особено се значајни и атрактивни честите насади на црн бор. На Средно Водно неделава се садеа дабови стебла, со што започна големата еколошка акција, каде ќе учествуваат повеќе од 500 учесници, во која на два хектари земја ќе бидат засадени 120 стебла костен и 400 стебла зимзелени садници“, наведуваат од Град Скопје.

Во акцијата, покрај вработените во скопските јавни претпријатија, најавено е и учество на ученици од 23 средни училишта на скопската територија, како и на бројни организации и граѓани кои ги сакаат Скопје и Водно, се грижат за животната средина и за квалитетот на живот во градот, стои во соопштението.

Слични содржини