Пожар избувнал за време на лет на „Ер Азија“

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

На летот на „Ер Азија“ меѓу Бангкок и градот Након Си Тамарат на југот на Тајланд експлодирала надворешна батерија (power bank) и избувнал пожар во кабината, но никој од патниците не бил повреден.

Патниците виделе пламен и чад 30 минути по полетувањето, по што кабинскиот екипаж дошол во средниот ред на леталото за да го изгасне пожарот, додека патниците седнати на таа страна од авионот се префрлиле на другата, тргнувајќи ги работите подалеку од огнот.

Некои од патниците се обиделе да го изгаснат пламенот со шише вода, пред стјуардесата да дојде до апаратот за гаснење пожар и успешно да го изгасне пожарот, пишува „Дејли Меил“.

Во инцидентот изгорело едно седиште, а авионот слетал навреме.

Слични содржини