Исповед на вдовицата на Хју Хефнер: „Јас и останатите девојки често се заразувавме“

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Вдовицата на сопственикот на империјата „Плејбој“ Хју Хефнер, Кристал Хефнер, изнесе мрачни тврдења во својата нова книга.

Таа се осврнала на нивните сексуални односи, кои биле пропратени со здравствени проблеми на девојките.

Кристал, која сега има 37 години, во својата книга навела дека таа и другите девојки често се заразувале со инфекции по сексуален пат и истакнала дека тоа било последица од маслото за нега на кожа кое Хефнер сакал да го користи во сексуалните односи со нив.

Таа исто така вели дека во Плејбој вилата секогаш имало лекар кој на девојките им давал антибиотици доколку се заразат.

Во еден пасус од книгата Only say good things: Surviving Playboy and finding myself таа наведува:

„Сексот никогаш не се менуваше, само свилените пижами. Четири големи телевизиски екрани со истото старо порно. Хеф легнува во кревет и посегнува по маслото.

Сите имавме добиено инфекции од маслото бидејќи тоа не треба да се користи како лубрикант. Се обидов да му кажам, ја молев Мери да му каже, но не можеше да му се каже нешто што тој не сакаше да го слушне.

Се обидовме да го замениме маслото со лубрикант, но тој секогаш го враќаше назад. Постојано доаѓаше докторот за да ни даде антибиотици.

За да избегнам инфекции, понекогаш прибегнував кон анален секс кога ми беше редот да бидам со Хеф. Мислам дека тој никогаш не можеше да ја направи разликата, и тоа ми помогна да избегнам многу вагинални проблеми. Не беше секогаш најлесно, но беше најдоброто решение до кое можев да дојдам. Сексот, како и сè друго во вилата, стана дел од мојата работа“, пишува Кристал во книгата.

Слични содржини