Поранешните „Плејбој зајачици“, близначките Кариса и Кристина Шенон, по шест години се вратија во јавноста и открија за тешките трауми кои ги доживеале за време на животот во Плејбој вилата на Хју Хефнер. Во нивното прво интервју по толку долго време, тие опишаа како нивниот живот се распаднал по напуштањето на вилата.
Во 2008 година, на само 19 години, близначките се преселиле во вилата и започнале 18-месечна врска со Хефнер. Тие откриваат дека се соочиле со зависности од алкохол и апчиња, и како нивните животи биле нарушени од контролата и злоупотребата во Плејбој. Кристина вели: „Се дебелеевме, имаше алкохол и апчиња. Бевме многу нездрави, изгубени и понекогаш самоубиствени. Немавме никој“.
Близначките откриваат дека, иако Плејбој им отворил многу врати, реалноста зад камерите била многу различна од она што било прикажано на телевизија. „Тоа беше целосен културен шок за нас“, вели Кариса. Тие се соочувале со многу љубомора од страна на другите девојки во вилата, а Хефнер им посветувал посебно внимание, што само ја зголемувало тензијата.
View this post on Instagram
„Не можевме да се забавуваме како другите девојки, бидејќи бевме малолетни. Тоа предизвика дополнителна љубомора“, додава Кристина. И покрај малтретирањето, близначките решиле да останат и продолжиле да живеат во Плејбој, дури и кога животот станал неподнослив.
Откако го напуштиле Плејбој во 2010 година, близначките се преселиле во Мичиген и почнале да се обидуваат да се лечат . „Мичиген нè промени. Обожаваме да живееме тука“, велат тие, додавајќи дека откако напуштиле Лос Анџелес, најдоа нов мир и стабилност.
View this post on Instagram
Тие ја откриле и болката која ја доживеале во Плејбој, вклучувајќи го тоа што биле принудени да прават тројки на нивниот 19-ти роденден. „За мене, тоа беше како силување. Тој користеше контролни механизми во сè“, вели Кариса. По овој период, близначките се соочиле со ПТСН и започнале терапија за да се излечат.
Денес, сестрите се посветени на своето здравје и благосостојба. „Го ставаме Бога на прво место и се трудиме да се лекуваме себеси“, велат тие. „Се трансформиравме и сега тоа е видливо однадвор. Сè започнува одвнатре и сè е поврзано.“
Нивната приказна е сведоштво за животот зад камерите во Плејбој, но и за силата на обновата и исцелувањето по тешките искуства.