Актер од „Ѕвездени патеки“ почина на 50-годишна возраст, се борел со тешка болест

од Stefanija Kuzmanovska
820 прегледи

Актерот Кенет Мичел почина на 50-годишна возраст.

Неговото семејство на социјалните мрежи ја соопшти тажната вест.

„Со тешко срце ве известуваме дека Кенет Александар Мичел, сакан татко, сопруг, брат, вујко, син и драг пријател, почина“, стои во објавата на Инстаграм покрај фотографија од Мичел со сопругата и синот.

Како што пишува Deadline, актерот во последните пет години се борел со амиотрофична латерална склероза.

Кенет Мичел бил роден во Торонто на 25 ноември 1974 година и стана познат по улогите во продукциите на Марвел „Ѕвездени патеки“.

Слични содржини