Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен (Холандија) се меѓу номинираните за наградата на Светската спортска академија Лауреус за 2023 година за најдобар спортист, објавија организаторите.
За наградата ќе се спорат и олимпискиот шампион во овчарски скок Арманд Дуплантис, светскиот шампион на 100 и 200 метри Ноа Лајлс и норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити – Ерлинг Халанд.
Од женска страна, номинирани се освојувачката на Златна топка во фудбал Аитана Бонмати, светскиот број 1 во женски тенис Ига Свионтек (Полска), ѕвездата на алпското скијање Микаела Шифрин (САД), спортистките Шерика Џексон, Фејт Кипиегон и Ша’Кари Ричардсон од Јамајка, Кенија, односно САД.
Доделувањето на наградата ќе се одржи на 22 април.
Номинираните за наградите „Лауреус“ ги избираат светските медиуми, а победниците ги одредуваат 71 член на Светската спортска академија „Лауреус“. Наградите се доделуваат секоја година од 1999 година.
Најодликуван спортист со наградата е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој ја освоил пет пати.