По пресудата: Барселона го тргна Алвеш од листата на клупски легенди

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Дани Алвеш (40), поранешното десно крило, кој освои 43 титули, најмногу во историјата, беше избришан од листата на клупски легенди од Барселона, клубот во кој го мина најголемиот дел од кариерата, откако беше осуден на четири и половина години затвор со првостепена пресуда за силување.

Да потсетиме, Алвеш беше затворен во постапка во која беше одлучено дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна жена во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона. Тој беше во притвор од 20 јануари минатата година, а судската постапка траеше до 7 февруари годинава. Петнаесет дена подоцна ја дозна пресудата.

На таа пресуда реагираше и Барселона. Алвеш, кој одигра повеќе од 400 натпревари за неа и освои се што е можно со неа, веќе нема статус на клупска легенда. Во 125-годишната историја на клубот, 102 фудбалери кои го носеа дресот на Барса се здобија со тој статус. Меѓу нив до неодамна беше и 40-годишниот Бразилец.

Слични содржини