252
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе добил одлична понуда, барем така пишуваат Шпанците, но тој ја одбил.
Шпанскиот „ОК Диарио“ објави дека Реал Мадрид не е единствениот клуб кој се обидел да го доведе Мбапе.
Манчестер Јунајтед, пишуваат Шпанците, на иницијатива на косопственикот Џим Ретклиф, му доставил на Мбапе понуда вредна 700 милиони евра.
Понудиле петгодишен договор со плата од 100 милиони евра годишно, а по потпишувањето би добил бонус од 200 милиони евра, што значи дека за време на петгодишниот договор би заработил 700 милиони евра.
Сепак, Мбапе ја одбил, како што ја нарекуваат Шпанците, „најголемата понуда во историјата на фудбалот“.