209
Жител на Табановце физички нападнал вработен во одделението за пасоши при СВР Куманово, соопшти полицијата.
-Вчера во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле Н.П.(42) од село Табановце, Кумановско затоа што во просториите на отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен, кој извршувал службени дејствија, велат од МВР.
Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.