„Не е точно дека се враќам во фудбалот“: Серхио Агуеро ги разочара навивачите

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Серхио Агуеро демантираше дека се враќа на теренот и истакна дека не планира да тренира со Индепендиенте, пренесуваат тамошните медиуми.

Агуеро (35) ја заврши играчката кариера во декември 2021 година поради проблеми со срцето. Неодамна изјави дека добил порака од докторот дека во иднина би можел повторно да игра фудбал.

Одредени светски медиуми објавија дека Агуеро наводно добил покана од тренерот на Индепендиенте, Карлос Тевез да тренира со овој клуб.

„Тоа е лага – нема да тренирам со Индепендиенте. Понекогаш луѓето измислуваат работи, бидејќи мојот кардиолог штотуку се огласи… Ми рече дека сум многу добро, дека е важно да сум во добра здравствена состојба, но треба да поминам уште многу тестови за да се вратам на тренинзите на идеално ниво“, изјави Агуеро.

Агуеро својата кариера ја започна во Индепендиенте, а потоа играше за Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, а ја заврши како првотимец на Барселона, додека за аргентинската репрезентација одигра 101 натпревар и постигна 41 гол.

Слични содржини