МЗ: Демири ќе разговара со семејството на Леонид Индов околу подмирување на трошоците за неговата рехабилитација

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Случајот на Леонид Индов бил разгледан на денешната владина седница и биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на неговата рехабилитација која се одвива во моментов, информираа вечерва од министерството за здравство.

„Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам владата за конкретното изнајдено решение“, пишува во изјавата на министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири.

Слични содржини