Папата Франциск денеска беше префрлен во болницата Џемели на лекарски преглед, по аудиенција на која се пожалил дека сè уште е настинат, соопштија извори.
Папата (87) се пожалил дека се чувствува лошо за време на општата аудиенција во Ватикан, пренесе АНСА.
Тој за време на аудиенцијата кажал дека се уште не закрепнал од грипот поради кој последните денови ги намалил активностите и дека „сè уште е малку настинат“.