Вучиќ: Украина е пријател на Србија, не ја призна независноста на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
532 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Украина е пријател на Србија и дека што е најважно, не ја признала независноста на Косово.

Во изјавата за новинарите во Тирана, каде што учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа, Вучиќ навел дека Србија се придржува до парламентарните декларации и позициите на Советот за национална безбедност и дека на Украина денес не ѝ е лесно.

„Не заборавајте зошто е важно, освен што тоа се наши словенски пријатели, треба да имате на ум дека Украина никаде не го признала Косово. Јас во мојата презентација реков дека Украина е една од ретките земји која може да разговара за територијалниот интегритет, затоа што таа не погазила туѓ територијален интегритет, како повеќето други“, подвлекол Вучиќ.

Слични содржини