Наскоро би можело да се случи долгоочекуваното враќање на Давид Де Хеа, а дестинацијата да биде неговата татковина.
Шпанскиот голман, кој е без клуб од летото 2023 година, деновиве се поврзува со Барселона. Ова би било добро решение за каталонскиот клуб, но само како решение за резервната голманска позиција, колку и да звучи лудо, со оглед на тоа дека се работи за Давид Де Хеа. Барселона веќе го има првото решение меѓу стативите, а тоа е Марк-Андре Тер Штеген и нема намера да го менува.
Де Хеа би го зазел местото на Игнасио Пења, кој на лето ќе сака да ја смени средината за да најде клуб во кој ќе може да игра поредовно. Тој доби шанса додека Тер Штеген отсуствуваше поради повреда, но тоа не беше доволно за шпанскиот голман.
Поранешниот голман на Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед ги одби понудите на саудиските клубови и Нотингем Форест бидејќи сакаше да се врати во Шпанија, а Барселона може да биде неговата крајна дестинација.