401
Поранешниот египетски интернационалец Мидо на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) ја објави бомбастичната вест за неговиот сонародник Мохамед Салах.
„Мохамед Салах следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија. Договорот е потпишан“, напиша 41-годишниот поранешен напаѓач на Марсеј, Рома, Тотенхем, Вест Хем, Ајакс и други.
31-годишниот Салах беше трансфер цел на Ал Итихад летото. Саудискиот тим понуди 150 милиони фунти на крајот од преодниот рок, а Ливерпул ја одби понудата.
Египќанецот има договор со „црвените“ до летото 2025 година и е еден од најважните играчи во тимот на Јирген Клоп. Сепак, германскиот тренер си заминува на крајот од сезоната и можно е Салах да го следи.