Спортскиот директор на Баер Леверкузен, некогаш и самиот фудбалер и капитен на клубот, Симон Ролфс, изјави дека е оптимист за статусот на тренерот на „фармацевтите“, Чаби Алонсо, кој е интересен за многу богати клубови поради извонредните игри на актуелниот предводник на Бундеслигата.
Баер се уште е непоразен, а веќе одигра 33 натпревари во сите натпреварувања. Клубот од Леверкузен со тоа постави нов рекорд на непобедливост. Најимпресивната серија на Баерн досега е од сезоната 2019/20.
„Сè уште сум мирен и оптимист. Најважно за тренерите е да се чувствуваат спокојно и да имаат впечаток дека се на вистинското место, а Чаби знае дека тоа веќе го има во Леверкузен – тоа и самиот го кажа неколку пати. Затоа тој секојдневно работи вака со тимот“, изјави некогаш успешниот играч за врска, а денес иницијатор на револуцијата на „Баер Арената“.
Европските медиуми веќе извесно време пишуваат дека Алонсо би можел да ги преземе Ливерпул или Баерн – менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп неодамна најави дека ќе паузира во кариерата, додека Баварците се незадоволни од работата на Томас Тухел и најавија дека ќе се разделат со него на крајот на сезоната.
Баер е прв на табелата со 61 бод, додека Баерн е на втората позиција со 53.