Украина идентификувала повеќе од 500 осомничени за воени злосторства

од Nikola Popovski
331 прегледи

Украина идентификуваше 511 лица осомничени за воени злосторства од руската инвазија во февруари 2022 година и веќе изрече 81 пресуда, изјавил нивниот главен обвинител во Киев.

Андреј Костин зборувал на конференција за воени злосторства заедно со главните обвинители на Полска, Литванија, Романија и претседателот на Европравда.

На прес-конференција по состанокот, обвинителите најавиле потпишување на двегодишно продолжување на работата на Заедничкиот истражен тим (JIT), иницијатива на Европската унија од пет нации за истрага на воените злосторства во конфликтот, пренесува Фена, повикувајќи се на Ројтерс.

Русија негира дека нејзините војници извршиле воени злосторства, и покрај тоа што илјадници украински цивили беа убиени во конфликтот.

JIT спроведува, како што рече шефот на Европравда, Ладислав Харман „најголемата истрага за воени злосторства во историјата“.

Литванската генерална обвинителка Нида Грунскиене истакна дека „JIТ“ досега разговарал со повеќе од 5.000 Украинци како дел од нивните истраги.

Коментирајќи ги 81-та пресуда, Костин признал дека повеќето биле извршени без приведување на осомничените. Тој рече дека Украина сака да ја добие правдата што е можно поскоро наместо да го чека крајот на војната.

„Повеќето од тие пресуди се во отсуство, но тоа говори дека токму сега ја обезбедуваме правдата“, рекол тој.

Костин додал дека повеќе од 40 земји разговараат за можноста за формирање суд за воени злосторства. Тој посочил дека одлуката за форматот на панелот оваа година ќе биде „силен сигнал“, но не кажа повеќе за тоа кога може да започне со работа.

Костин нагласил дека ваквиот трибунал веројатно ќе трае неколку години откако ќе почне да работи.

Костин и Грунскиене истакнале дека истражителите успеале да го утврдат идентитетот на три лица, од кои сите се проруски милитанти од регионот на Доњецк, осомничени за убиството на литванскиот филмски режисер Мантас Кведаравичиус во градот Мариупол.

Министерството за одбрана на Украина ја објави смртта на Кведаравичиус во април 2022 година. Костин во четвртокот наведе дека режисерот умрел како резултат на тортура од страна на тројцата осомничени.

Режисерот снимал документарен филм кој ги прикажувал страдањата на жителите на Мариупол за време на бруталната, повеќемесечна опсада на градот од страна на напредните руски сили. Документарецот „Мариупол 2“ беше објавен неколку месеци по неговата смрт.