Малолетник избоден до смрт во центарот на Прилеп

од Nikola Popovski
777 прегледи

Свирепо убиство на 14-годишно момче се случило синоќа во Прилеп. Момчето околу 19:30 часот било пронајдено без знаци на живот во центарот на Прилеп на тротоарот од булеварот „Гоце Делчев“ наспроти Домот на културата „Марко Цепенков“. Се претпоставува дека било избодено со нож.

Според Службата за итна медицинска помош во Прилеп, момчето било пренесено во прилепската болница, каде што имало обиди за негова реанимација, но, за жал, биле неуспешни.

Увид направиле полицијата и основен јавен обвинител. Наредена е обдукција на телото на 14-годишното момче.

Повеќе детали за немилиот настан се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини