Секс скандалот со Хорнер можеби не е завршен, се појавија нови докази

од Vladimir Zorba
398 прегледи

Тимот на Ред Бул во средата објави дека истрагата против директорот на Формула 1 тимот, Кристијан Хорнер поради наводите за „непримерно однесување“ е затворена. Не нашле докази дека Британецот е виновен за гореспоменатите обвиненија и тој ја задржа својата позиција на чело на „биковите“.

Сепак, се чини дека оваа сага не е завршена, бидејќи синоќа анонимен извор сподели датотека на Google Drive која содржи развратни пораки испратени од Хорнер. Оваа датотека стигна до шефовите на другите тимови, извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали, ФИА и новинарите.

Автентичноста на овие извештаи допрва треба да се потврди, но различни извори од „боксот“ информираат дека тие се сериозно сфатени од ФИА и Формула 1 во целина. Се уште не е јасно како ќе постапат, но сосема е можно Хорнер да биде принуден да го напушти Ред Бул.

Друго прашање е тоа што анонимниот извор мора да биде некој во боксот, инаку би било тешко за некое лице да дојде до е-поштата на сите важни личности во спортот за да им ги испрати.

Слични содржини