Градови со најмногу сонце во Европа: Имаат 350 сончеви часови секој месец

од Vladimir Zorba
7,8K прегледи

Зимите стануваат се поблаги, како што видовме и самите во последниот месец. Температурите повеќе личат на пролет отколку на зима, а сезоната на скијање пропаѓа во многу европски дестинации поради премногу топлото време.

Овој период од годината е идеален за градски патувања, истражување на градови и впивање на културата и историјата. А за да бидете сигурни дека ќе ве пречека убаво време и многу сонце на вашата дестинација, добро е да знаете кои се најсончевите градови во Европа. Повеќето од нив, очекувано, се наоѓаат во Италија и Шпанија.

Шпанија и Италија, односно јужните региони на тие земји, можат да се пофалат со неколку градови со натпросечен број сончеви денови. На врвот на листата е Аликанте во Шпанија, со 349 сончеви часови месечно, а Катанија на Сицилија е на второ место со 347 сончеви часови.

Најмногу сонце во Италија и Шпанија

Во Италија има 12 од 30-те најсончеви градови на стариот континент, како и во Шпанија, каде просечните температури се малку повисоки, пишува Шенген виза инфо. На јужниот брег на Шпанија, месечниот просек, вклучувајќи ги и зимските месеци, е помеѓу 19 и 21 степен. Тоа значи дека овие места најдобро е да се избегнуваат во летните месеци, кога горештините стануваат неподносливи, но дека се идеални за посета во текот на целата година, а во пролет и есен ќе можете без проблеми да пливате. Покрај бројните места во Италија и Шпанија, најсончеви градови во Европа се Ница и Марсеј, а во топ 30 влегоа и Тирана во Албанија, Атина во Грција и Софија во Бугарија.

Список на најсончевите градови во Европа

1. Аликанте, Шпанија (349 сончеви часови месечно, просечна температура 19 степени)

2. Катанија, Италија (347 сончеви часови месечно, просечна температура 20 степени)

3. Мурсија, Шпанија (346 сончеви часови месечно, просечна температура 20 степени)

4. Малага, Шпанија (345 сончеви часа месечно, просечна температура 20 степени)

5. Месина, Италија (345 сончеви часа месечно, просечна температура 19 степени)

6. Валенсија, Шпанија (343 сончеви часа месечно, просечна температура 20 степени)

7. Ница, Франција (342 сончеви часа месечно, просечна температура 17 степени)

8. Лас Палмас, Шпанија (341 сончеви часови месечно, просечна температура 20 степени)

9. Гранада, Шпанија (341 сончеви часови месечно, просечна температура 17 степени)

10. Палермо, Италија (340 сончеви часа месечно, просечна температура 19 степени)

11. Севиља, Шпанија (340 сончеви часови месечно, просечна температура 21 степен)

12. Сарагоса, Шпанија (340 сончеви часа месечно, просечна температура 17 степени)

13. Марсеј, Франција (339 сончеви часа месечно, просечна температура 17 степени)

14. Барселона, Шпанија (339 сончеви часа месечно, просечна температура 18 степени)

15. Палма де Мајорка, Шпанија (337 сончеви часови месечно, просечна температура 19 степени)

Слични содржини