Двајца многу добри крилни играчи на иста позиција ги попречуваат помладите сили кои доаѓаат, е оценката на експертите во Ливерпул, па е донесена одлука еден од двајцата да замине: или Мохамед Салах или Луис Дијаз.
Според вестите од Островот, планот на Ливерпул е да го убеди Салах да го продолжи договорот до 31 март. Доколку успеат во тоа, тогаш ќе го продадат Луис Дијаз (27), кој пристигна во јануари 2022 година од Порто и на 82 натпревари постигна 21 гол. Има доста голем интерес за него и на „Енфилд“ веруваат дека дури и ќе заработат.
Доколку „фараонот“ реши да ја прифати баснословната понуда од ПРО лигата на Саудиска Арабија, а Ал Итихад му понуди плата од над 100 милиони евра, ќе ги наполни Азијците и касата на Ливерпул со 100 милиони фунти. Во тој случај Луис Дијаз останува и презема поважна улога во тимот.
Со оглед на тоа што менаџерот Јирген Клоп заминува на крајот од сезоната, се надева на трофејот во Премиер лигата, а се уште не е пронајден наследник, тешко е да се погоди што всушност ќе се случи со Салах и Дијаз. Тие испратија понуда до Чаби Алонсо, но тешко дека ќе добијат одговор од него пред крајот на мај, бидејќи тој со најголеми амбиции игра на три фронта со Баер Леверкузен.