Обвинителството поднесува жалба, бараат подолга затворска казна за Алвеш

од Vladimir Zorba
518 прегледи

Шпанското обвинителство е подготвено да поднесе жалба на пресудата за Дани Алвеш и повторно да побара построга казна за поранешниот фудбалер кој беше осуден на четири и пол години затвор за силување.

Пресудата беше донесена 15 дена по завршувањето на судењето, а на 22 февруари Дани Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за силување на млада девојка што се случи во декември 2022 година.

Освен тоа, Алвеш добил наредба да и плати на жртвата 150.000 евра.

Обвинителството првично бараше казна затвор од девет години, додека адвокатите на Алвеш побараа казна до една година и ослободување на нивниот клиент бидејќи тој веќе ја „одлежал“ таа една година од апсењето до судењето.

Адвокатите на жртвата на Алвеш побараа тој да биде осуден на 12 години затвор.

За време на сослушувањето Алвеш изнесе дури пет различни верзии за настаните, отако изјавил дека се сеќава на се, но цело време инсистирал дека бил под силно дејство на алкохол. Различни извори наведуваат дека одбраната особено инсистирала на тоа, знаејќи дека доколку судијата ја смета опиената состојба на Алвеш како олеснителна околност, казната не може да надмине шест години.

Слични содржини