Зинедин Зидан би раководел само со 3 тима како тренер. Тоа го вели неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Томас Гравесен.
„Пред две години разговарав со Зидан во Мадрид и тој ми кажа дека има само три тима од кои би прифатил понуда. Тоа се Марсеј, Реал и француската репрезентација“, изјави Гравесен за Дискавери+.
51-годишниот Зидан работеше само во Реал, освојувајќи три трофеи во Лигата на шампионите и шпанска титула двапати во неговите две периоди на кормилото.
Французинот е поврзан со секој голем тим кој ќе остане без тренер. Неговото име моментално се зборува како опција за Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но ако му се верува на Гравесен, нема шанси Зидан да заврши на Островот.
„Тој имаше фантастичен тим во Мадрид и беше подготвен уште од самиот почеток – рече Гравесен. – Во Јунајтед ситуацијата е поинаква во моментов. Би било многу тешко да се направи нешто со составот што го има Тен Хаг“.