Коциќ: Валканата кампања е почната одамна, ние ќе се насочиме кон економски политики за развој на државата

од Vladimir Zorba
262 прегледи

„Валканата кампања е почната одамна, уште пред нова година, со намерно создавање на проблеми за потоа да ги решаваат. Мислам дека од наша страна ќе имаме конкретни резултати кои што граѓаните ќе треба да ги очекуваат, она што беше ветено во 2020 година, можеби 100 отсто не е, но 100 отсто во економскиот дел е, и би апелирал до сите политички партии да го задржиме нивото на култура со тоа што гледам дека луѓе на кои не им доликува одреден вокабулар, почнаа да го користат уште пред започнувањето на официјалната кампања“, ече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ на дебатната емисија „Избори 2024“ на МРТ 1.

Да, очекувам валкана кампања, и би требало да одиме со економски проекции и наши ставови, она што сме го направиле и зошто треба да бараме доверба од граѓаните. Според анализите, во сите сектори се над 70 отсто покачени платите и тоа треба да ни биде нас водилка дека и понатаму можеме да одиме со истата економска политика и со политики за развој на сите гранки во државата,“ , додаде Коциќ.

Слични содржини