Приведена велешанка која украла пари од починат човек на улица

од Nikola Popovski
230 прегледи

Полициски службеници од СВР Велес вчера  ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ.(54) години  од Велес одзела пари.

Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информираа од СВР Велес.

Осомничената била задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

На Т.Ѓ вчера му се слушило пред дуќаните кај Новиот мост во Велес по што била повикана Итна медицинска помош. Била само констатирана смрт без траги на насилство.

Слични содржини