Силјановска Давкова доби 444 гласови од 448 делегати на ВМРО-ДПМНЕ за претседателската трка

од Nikola Popovski
410 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција ја избра пратеничката Гордана Силјановска-Давкова за нов претседателски кандидат на државата. Според бројките од гласањето, од вкупен број на присутни делегати 454, гласале 448 делегаги.

Од нив, за професорката и пратеничка гласале 444 делегати. Изборот на Силјановска Давкова беше пропратен со аплаузи и скандирања во Македонската филхармонија, каде што се одржува конвенцијата.

-Ви благодарам од срце. Не очекував волку голем резултат. Признавам дека секогаш студентите ми биле неверојатна инспирација. Сум ги учела, но и јас учев од нив. Многу значи кога ќе бидете избрани за најинспиративен професор. Ниту еден труд, ниту членство во меѓународни организации, не ми значело толку колку можноста што ми ја дадовте вие, тогаш и сега, за да ги запознаам народот, рече меѓу другото, Силјановска-Давкова во обраќањето.

Таа истакна дека „може да смените се, но татковина никогаш не се менува“. Порача дека многу работи стојат пред неа и упати апел до сите носители на функција да стават крај на поделбите, најмногу по партиска или политичка.

Нејзин главен противкандидат ќе биде Стево Пендаровски, кој по третпат влегува во претседателската трка, но овој пат по втор претседателски мандат. Најави граѓанска кандидатура и ги повика граѓаните од 3-ти март, да му дадат поддршка со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија. Се очекува во текот на утрешниот ден, Пендаровски и официјално да добие поддршка од СДСМ на нивниот конгрес.

Слични содржини