Израелската армија известила дека за шест минути бомбардирала 50 точки во Кан Јунис, вториот по големина град во Појасот Газа, каде во последните 24 часа биле убиени 90 Палестинци.
Во соопштението на израелската војска се наведува дека се извршени интензивни напади западно од Кан Јунис и се тврди дека борците на Хамас и инфраструктурата во регионот се уништени.
Истакнувајќи дека 50 точки во регионот биле бомбардирани од воздух и од земја од артилериски единици за шест минути, израелската армија тврди дека овие напади биле извршени за да им се помогне на израелските војници на теренот.
Очевидци кои разговарале за дописникот на АА соопштиле дека за време на копнениот напад на израелските војници врз градот се слушнале експлозии.
Со воздушно бомбардирање, израелските воени возила продолжуваат да напредуваат кон Кан Јунис од север и запад.
Овие напади врз градот Кан Јунис биле извршени неколку часа откако израелската армија објави дека тројца нејзини војници загинале, а 14 војници се повредени, од кои пет потешко, како последица на синоќешните експлозии.
Во бомбашки напад на израелската армија утринава врз куќа во градот Рафа, јужно од Појасот Газа, загинале 14 лица, меѓу кои шест деца, од исто семејство.
Палестинското Министерство за здравство во Газа соопштило дека бројот на загинати од израелските напади врз Газа се зголемил за 90 во последните 24 часа и достигнал 30.410.