Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајка кај Штип

од Nikola Popovski
332 прегледи

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопатот Штип-Велес, на раскрсницата за селата Каратманово и Милино, потврди портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Според информациите, две повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.

Несреќата се случила вчера околу 18:20 часот во која учествувале две возила.

„Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот В.П., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатничката во возилото „сузуки“, Б.П.(60) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возачот А.А. се здобил со телесни повреди“, објави МВР.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле A.A. за понатамошна постапка.