Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи во Мичиген и во Мисури, со што e уште поблиску до Републиканската номинација за претседателските избори во ноември. Во двете држави, Трамп ja победи Ники Хејли, неговата последна преостаната ривалка за Републиканската претседателска номинација, приближувајќи се до номинацијата на неговата партија и веројатниот претседателски реванш со демократскиот претседател Џо Бајден.
Во Мичиген, Трамп ја победи Хејли во сите 13 области кои учествуваа во пратеничката група, објави Републиканската партија.
Со претходните победи во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина, Трамп е голем фаворит на прелиминарните избори, а Хејли сè уште е во трката благодарение на донаторите кои сакаат алтернатива на поранешниот претседател.