Искусниот хрватски стратег Славен Билиќ е фаворит за клупата на репрезентацијата на Република Ирска, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Поранешниот хрватски селектор моментално работи во Ал Фатех во Саудиска Арабија, со кој се наоѓа на седмото место на шампионатот. Неговиот договор со овој клуб е до летото 2025 година.
„Мирор“ наведува дека доколку Билиќ седне на клупата на Ирска, тоа ќе биде во мај, по завршувањето на првенството во Саудиска Арабија.
Билиќ е првиот фаворит за наследник на Стеф Кен, кој доби отказ по ремито со Нов Зеланд (1:1).
На пријателските натпревари против Белгија и Швајцарија, кои се на програмата овој месец, Ирска од клупата ќе ја предводи Џон О’Ши.
Билиќ во досегашната кариера беше тренер на Хајдук, Бешикташ, Вест Хем, Ал Итихад, Вест Бромвич Албион, Пекинг и Ватфорд.