Гулит: Мбапе не може да ја одбие понудата на Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Поранешниот холандски репрезентативец Руд Гулит денеска изјави дека играчот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не може да одбие понуда од Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи играчката кариера. Некои светски медиуми објавија дека францускиот репрезентативец веќе се согласил да се пресели во „кралскиот клуб“.

„Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Ако ви се јави Реал, вие секогаш велите – да, не велите – не. Јасно е зошто Реал сака да го има најдобриот играч во своите редови. Така го доведоа Кристијано Роналдо и другите врвни играчи“, изјави Гулит за шпанскиот спортски весник „Ас“.

Мбапе (25) пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако. За клубот од Париз оваа сезона одигра 33 натпревари и постигна 32 гола.

„Јасно ми е дека Мбапе верува дека може да освои се со Реал. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти може да го контролира тоа. Тој мора да се погрижи играчите да се прилагодат еден на друг. Мислам дека Ембапе не е себичен, тој е многу социјален. Брзо ќе се прилагоди на тимот како што тоа го направи Џад Белингем“, додаде Гулит.

Слични содржини