Променливо облачно, наместа со пороен дожд

од Nikola Popovski
213 прегледи

Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи, најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 8°C, а максималната од 8 до 15°C.

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Температурата во главниот град ќе стигне до 16 степени Целзиусови.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, а до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Слични содржини