Пожари на отворено во кумановско, поплави во прилепско

од Nikola Popovski
153 прегледи

Центарот за управување со кризи информира дека дошло до два пожари на отворено во последното деноноќие. Конкретно, Регионалниот ЦУК Куманово информира за две интервенции, при што пожарникарите од ТППЕ Куманово во период од 14:50 до 15:40 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило, гаснеле запалена ниска вегетација кај село Лопате, а во период од 17:55 до 19:45 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило, гаснеле запалена ниска вегетација покрај улицата „Тоде Мендол“ во Куманово.

Во Прилеп и околината имало проблеми од големите врнежи дожд, бидејќи за изминатите 24 часа наврнале 35 литри дожд за 24 часа.

-Од Општина Долнени беше пријавено дека во село Пешталево при секој дожд има поплавување на двор и подрум од една куќа после изградбата на локален пат во ова село. Од ЦУК е известена е локалната самоуправа Долнени, од каде што информирале дека градежна машина веќе интервенира на тере, велат од ЦУК.

Гранична полиција – Витолиште извести дека имало мал одрон од камења на регионалниот пат Прилеп – Витолиште на кривината пред село Витолиште. Веднаш е известена ЈП Македонија Пат од каде посочиле дека ќе интервенираат. Сообраќајот не е во прекин, додаваат оттаму.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случа

Слични содржини