📷Витките нозе во преден план: Ѕвездата на „Топ Ган“ го привлече вниманието во црно-бело издание

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Музата на дизајнерот Николас Гескиер и заштитно лице на Луј Витон, актерката Џенифер Конели, ја посети најновата ревија на брендот во француската престолнина на модата.

При откривањето на креациите што ги подготви дизајнерот Николас Гескиер за новата колекција на француската куќа, таа повторно уживаше во друштво на својот долгогодишен сопруг, актерот Пол Бетани, а на оваа модна ревија го привлече вниманието со ефективно издание.

За беспрекорните изданија на холивудската ѕвезда последниве години се грижи стилистката Лесли Фремар, чии познати клиенти, покрај Конели, се и дами како оскаровките Шарлиз Терон и Џулијан Мур.

За ѕвездата од „Top Gun“, Фремар овојпат избра црно-бела комбинација составена од лелеава блуза со тенки, вертикални риги и сјајно, минијатурно здолниште во колор блок стил.

Деталот на вертикалната лента ја красеше и креацијата на Луј Витон во која Конели последен пат се појави на црвениот тепих – на почетокот на декември, на третото издание на Гала вечерата на Музејот на Академијата во Лос Анџелес.

Слични содржини