Верстапен застана на страната на својот татко во конфликтот со Хорнер

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Макс Верстапен застана на страната на неговиот татко Џос во жестоката расправија со шефот Кристијан Хорнер, која се заканува да го уништи Ред Бул.

Јос Верстапен по победата на неговиот син во Бахреин минатата недела изјави дека Ред Бул ќе „експлодира“ доколку Кристијан Хорнер остане на чело на Ф1 тимот и покрај тоа што е ослободен од несоодветното однесување кон колешка по внатрешна истрага.

Но, шефот на Ред Бул повторно е во неволја по анонимното протекување на СМС пораки со вработен, кои наводно покажуваат дека „нешто“ се случува.

Макс Верстпен, кој оттогаш беше поврзуван со преселба во Мерцедес поради караницата на неговиот татко со Хорнер, сега рече: „Татко ми е секогаш многу отворен. Тој не е лажго, тоа е сигурно“.

Запрашан дополнително за неговиот однос со неговиот татко и менаџер Рејмонд Вермулен, Верстапен рече дека тие секогаш ќе бидат покрај него додека тој се трка во Ф1.

„Не можам да се видам себеси во Ф1 без нив сигурно“.

На прашањето за коментарот на неговиот татко дека Ред Бул може да „експлодира“, Верстапен додаде:

„Не знам, се надевам дека не! Не треба да биде така. Тоа е силна компанија, тоа е силен тим, многу силни членови на тимот, така што нормално не. Секогаш има работи што можат да се решат“.

Слични содржини