МВР со детали за Мирко Петровски – констатирана е смрт без видливи траги на насилство

од Nikola Popovski
410 прегледи

МВР излезе со детали за трагичната смрт на познатиот бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Според полицијата, тој бил пронајден починат во својот дом.

– На 06.03.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат М.П.(47) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, соопштија од полицијата.

Петровски е добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг меѓу кои и државната награда “8-ми Септември” во 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

Слични содржини