Барса и понатаму верува во титулата

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Во пресрет на денешниот натпревар од 28. коло на Ла Лига против Мајорка, стратегот на каталонскиот гигант Барселона Чави Ернандез ги објави своите очекувања.

Тој зборуваше на неколку теми, но најважно рече дека тој и сите во клубот немаат намера да се откажат од трката за титулата, иако Реал е прв со 8 бода пред Каталонците.

„Не верувам дека трката за титулата е изгубена. Aко има шанси, ние сме тука. Имавме одлична можност во последниот натпревар со победата над Билбао да извршиме уште поголем притисок врз Реал и Жирона, но што се случува, се случува. Има уште многу да се игра. Ќе се обидеме да победиме на секој натпревар, па ќе видиме што ќе направивме“, изјави Чави на прес-конференцијата пред натпреварот.

„Нема сомнеж, давам позитивна оценка за работата на претседателот Лапорта. Тој е совршен човек за овој клуб. Според мене, Лапорта е најдобриот претседател на Барселона во нејзината историја“, додаде тој.

Слични содржини