Најмалку девет играчи го напуштаат Ајакс во јуни

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Холандскиот фудбалски клуб Ајакс во јуни ќе смени половина тим, бидејќи на трансфер листата ќе има најмалку девет играчи, информира добро информираниот весник Де Телеграф .

„Во јуни ќе бидат на продажба дури девет од 13-те играчи кои минатото лето ги донесе подоцна разрешениот спортски директор Свен Мислинтат“, пишува реномираниот дневен весник.

Како што се наведува, вишок се Јосип Шутало, Борна Соса, Јаков Медиќ, Георги Микаутадзе, Карлос Форбс, Гастон Авила, Чуба Акпом, Бенјамин Тахировиќ и Антон Гаи, а од новите играчи на трансфер листата нема да се најдат само Сиверт Мансверк, Диант Рама и Бранко ван ден Бумен.

Слични содржини