229
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека критиките упатени против него од американскиот претседател Џозеф Бајден се „погрешни“ и „неточни“.
Нетанјаху одговараше за изјавата на Бајден за MSNBC, во која тој рече дека Нетанјаху „повеќе му прави штета на Израел отколку добро“ преку неговата политика во Газа.
„Не знам точно што сакаше да каже претседателот, но ако тој мислеше дека извршувам лични политички цели против желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, тој греши и по двете точки“, изјави Нетанјаху за „Политико“.
Тој додаде дека тоа не е негова „приватна политика“.