238
Португалскиот тренер Жозе Мурињо откри планови за својата иднина. Стручњакот е без работа два месеци откако Рома доби отказ.
„Сакам да работам. Само не сакам да донесам погрешна одлука. Морам да го чекам вистинскиот проект кој ме мотивира. Но, ако имам можност да работам утре, ќе работам од утре“, изјави Мурињо, цитиран од beIN Sports.
Во јануари 2024 година, Мурињо ја напушти функцијата главен тренер на Рома поради незадоволителните резултати на тимот. Него го наследи Даниеле де Роси.